Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто ја решија Брага

Објавено

на

Порто на македонскиот репрезентативец Никола Митревски не дозволи никакво изненадување и славеше на гостувањето кај Брага со 35-30 во средбата од 8.коло во португалскиот шампионат.

Фаворитот одигра квалитетно прво полувреме во кое даде дури 20 година и се стекна со предност од седум гола (20-13), па вторите 30 минути беа чиста формалност со оглед на разликата во квалитет.

Мартинез со седум гола беше лидер на листата на стрелци. Митревски пак на голот имаше пет интервенции или 24 проценти на одбранети удари.

Во наредната седмица Порто има дуели со Магдебург во Лигата на шампионите и соочување со Виторија во Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни