Репрезентација
Миовски: Ќе се обидеме повторно да ја изненадиме Италија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги заврши квалификациите за ЕП 2024 со натпревари против Италија и Англија, најсилните и најтрофејните селекции во оваа група.
Избраниците на Благоја Милевски сега се сконцентрирани на гостувањето во Рим, каде Италијанците ќе се обидат да ја прекинат лошата серија во дуелите со нашата репрезентација, а Бојан Миовски и неговите соиграчи да креираат ново изненадување.
Напаѓачот на Абердин игра во одлична форма во својот клуб и најавува интересен натпревар на „Олимпико“.
– Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво сме и мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок и одлични резултати со Италија на последните натпревари.
– Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси во противнападите, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме. Овојпат ќе играме и на подобар терен, двете репрезентации ќе имаат подобри услови, што е предуслов за квалитетен натпревар, – изјави Миовски.
-
Италијапред 23 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Англијапред 15 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 17 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Балканпред 17 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 19 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Светпред 16 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 18 часа
Проблеми за Барселона: Тер Штеген оди на операција, Пења ќе го менува!
-
Европски куповипред 18 часа
Ла Риоха падна во Скопје: Алкалоид со прва историска победа го заокружи настапот во Европската лига