Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Нашата цел е јасна, до последно ќе се бориме за баражот за СП

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација во наредниов период ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Светското првенство, натпревари кои ќе ни дадат одговор дали ќе играме во баражот за мундијалот кој се игра во Катар во 2022 година.

Наши заврши ривали се Ерменија и Исланд, првата средба е во Ереван, втората е во Скопје и целта е да се дојде до максимални шест бода и притоа ќе треба да се чека кикс на Романија која во моментов е на тоа второ посакуванот место во групата.

Селекторот Благоја Милевски повика 24 играчи и притоа испрати јасна порака дека оваа група ќе направи се што може за да го задржи сонот за место на СП.

– Не очекува тежoк натпревар во Ерменија, моите фудбалери ќе го дадат максимумот како и на претходните натпревари, во тоа не се сомневам. Нашата цел е јасна, а тоа е победа на следните два квалификкациски меча. Сакам тоа што го работиме на тренинзите и се договараме да го покажеме и на самиот терен. Се надевам дека сите фудбалери што се повикани за овие два дуели ќе бидат комплетно здрави и подготвени да одговорат на предизвикот.

-Фокусот е комплетно насочен кон дуелот со Ерменија. На натпреварот против нив во Скопје одигравме доста добро, но за жал немавме среќа да постигнеме гол, пропуштивме многу прилики. Се надевам дека добрата игра во Скопје ќе ја покажеме и во Ереван. Ќе дадеме се од себе, не се откажуваме и до последно ќе се бориме за да успееме да обезбедиме пласман во баражот за СП, -рече популарниот Боби и притоа додаде:

Имаме проблеми со повредени играчи, под знак прашалник беа Спировски и Костадинов, Дени Илиев направи операција и го чека процес на опоравување. Ваљон Етеми беше член на селекцијата на Македонија до 21 година. Се работи за млад играч кој има квалитет и потенцијал, игра во одлична форма сезонава во турската втора лига, лига која не е за подценување и е доста квалитетна. Потребен му е континуитет добри игри, се надевам дека ќе го зголеми квалитетот во селекцијата, -заврши Милевски.

Милевски повика еден дебитант, без Адеми и Николов во ноемвриските квалификации

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни