Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски повика еден дебитант, без Адеми и Николов во ноемвриските квалификации

Објавено

на

Македонскиот селектор Благоја Милевски денеска го објави списокот за ноемврискиот квалификациски циклус, во кој нашата репрезентација ќе се соочи со Ерменија и Исланд.

На списокот на Милевски има 24 фудбалери, кои ако нема компликации ќе бидат во комбинација за двете средби, а најголем хендикеп ќе биде отсуството на Аријан Адеми и Бобан Николов.

Двајцата искусни играчи од средниот ред се повредени, а Милевски очекувано ги повика Елмас, Барди, Спировски и Костадинов, повторно е повикан Ракип од Малме, како и Јани Атанасов.

Селекторот реши првпат да го повика Ваљон Етеми, кој настапува за Истанбулспор и ќе може да дебитира за македонската репрезентација.

Македонија на 11. ноември гостува во Ерменија, додека три дена подоцна го пречекуваме Исланд во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни