Поврзете се со нас

Свет

Меси отпадна од комбинација за настап на претстојните два натпревари на Аргентина (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFASeleccionEN

Мартовскиот прозорец предвиден од ФИФА е последна подготовка за светските репрезентации пред предизвиците кои ги чекаат претстојново лето, па поради тоа во наредните 10 дена ќе гледаме голем број пријателски натпревари.

Овој репрезентативен циклус доаѓа во чувствителен дел од клупската сезона и главен фокус ќе биде да се избегнат непотребни повреди, а Аргентина на наредните два теста нема да може да смета на својот капитен.

Иако Лео Меси секогаш ужива да игра за репрезентацијата и не одбива ниту еден повик, сега е приморан да одмори, откако репрезентативниот лекар утврдил повреда на мускулот.

Меси се повреди на натпреварот против Нешвил на кој беше повлечен на стартот на вториот дел, а поради истата повреда, сега ќе го прескокне мартовскиот собир на светскиот шампион.

Аргентина ќе игра против Салвадор и Костарика, па тоа ќе биде добра шанса и за играчи кои поретко добиваат шанса од Скалони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни