Поврзете се со нас

АТП

Медведев за првпат загуби сет, но обезбеди полуфинале во Њујорк

Објавено

на

Русинот Данил Медведев е првиот тенисер кој дојде до билет за полуфиналето на четвртиот грен слем во 2021 година Ју-Ес Опен.

Вториот светски рекет првпат загуби сет на овој турнир, но немаше никакво значање затоа што славеше над Ботик Ван Де Зандшулп со 3-1 по два ипол часа игра. Медведев првите два сета ги доби со 6:3 и 6:0 за да во третиот најголемата сензација во Њујорк покаже заби и со 6-4 го намали резултатот.

Четвртиот сет донесе голема неизвесност и истиот беше решен во 12 гејм во кој Данил направи брејк за конечни 7-5.

Ривал на Медведев во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Феликс Оже-Алијасим и Карлос Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни