Поврзете се со нас

АТП

Медведев разочаран од тоа што го доживеа во финалето против Надал: Се запрашав дали вреди да играм тенис

Објавено

на

Данил Медведев спортски му честиташе на Рафаел Надал за победата и остана импресиониран од неверојатниот пресврт кој го режираше Шпанецот, но она што беше евидентно уште при првиот говор на теренот, продолжи и во прес салата.

Русинот не и се заблагодари на публиката во Австралија во својот говор по финалето и стана јасно дека е разочаран од однесувањето на навивачите, со кои имаше недоразбирања цели две недели, вклучувајќи го и денешното големо финале во кое беше исвиркуван во најважните моменти од мечот кога се кршеше резултатот.

Медведев се пожали за тоа кај главниот судија и ги нарече австралиските фанови „идиоти“, а поради вакви работи, вели дека повторно му се отвориле некои разочарувачки мисли од минатото.

– Ова ќе биде необичен прес и ќе започнам со својата приказна и ќе видам до каде ќе стигнам. Ќе се обидам да бидам краток. Тоа е приказна за детенцето кое сонуваше да оствари големи работи во тенисот. Прв пат го земав рекетот во рака на шест години, со 12 почнав да тренирам и играв турнири во Русија. Ги гледав грен слем шампионите на телевизија, гледав како фановите ги поддржуваат и сонував да дојдам на тоа место. Сакав да стигнам меѓу најдобрите и да играм против нив.

– Загубив многу важни мечеви и во минатото, кога правев прогрес, се среќавав само со едно прашање на прес-конференција. Кога правите добри работи, а не добивате внимание, се прашувате дали вреди. Во тие моменти, детенцето за кое зборувам се прашува дали вреди да ги брка големите соништа. Денеска го доживеав истото на теренот и нема да ви кажам поради што е тоа, – изјави Медведев кој на инсистирање на новинарите, сепак одговори и призна дека бил максимално разочаран од публиката.

– Излегуваш да играш финале и те свиркаат. Ќе дадам само еден пример. Во петтиот сет имаше еден фан од публиката кој ме изненади. Додека Надал се подготвуваше за сервис, тој довикна „Ајде Данил“, а потоа илјадници луѓе му одговорија со „шшшшш“ и го замолкнаа. Пред мојот сервис, ниту еднаш не слушнав такво нешто. Тоа е разочарувачки, непочитувачки и навистина сум разочаран. Не сум сигурен дека после 30 години ќе играм тенис, но засега се забавувам и ќе продолжам да играм. Мислам дека и националноста игра улога во сето ова. Рускиот тенис беше во голем пад, но сега е во добри раце со мене, Рубљов, Карацев и Хачанов, – заврши Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни