Поврзете се со нас

Франција

Мбапе со последната енигматична порака го „запали“ трансфер пазарот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе ги уверуваше сите дека ќе игра за ПСЖ во новата натпреварувачка сезона и сите веќе го прифатија тоа сценарио, но сега самиот Французин се погрижи за размрдување во последните три дена од летниот преоден рок.

Летниот трансфер пазар во Европа ќе се затвори во петок на полноќ и клубовите ќе имаат право да регистрираат нови играчи до 24:00 часот, а во моменти кога стивнаа турбуленциите поврзани за Французинит, сега самиот се погрижи за разгорување на страстите.

Мбапе излезе со неочекуваната објава на Инстаграм стори и сподели една песна која има интересна содржина, во која првиот и главен стих е со следните зборови:

– Јас сум топ момче, скапо засилување како Моисес Каиседо во Лондон, – гласи пораката.

Французинот во дел од објавата има проследено и емотикони од „бомба“, па тоа беше доволно да се отворат шпекулации за негов шокантен трансфер во завршницата од летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни