Поврзете се со нас

Франција

Мбапе промаши голем зицер, ПСЖ не успеа да ја затресе мрежата на Ница (Видео)

Објавено

на

ПСЖ имаше добри шанси за постигнување погодок, но остана без реализација и со само еден освоен бод на дуелот со Ница (0:0) од француското фудбалско првенство.

Тимот на Маурисио Покетино не ги искористи можностите, но и Ница имаше ситуации во кои можеше да го совлада Донарума, а на крајот двата тима мораа да се задоволат со реми без голови на „Паркот на принцовите“.

Триото Мбапе-Меси-Ди Марија немаше своја вечер и ги разочара фановите, а посебно се издвојува едно промашување на францускиот репрезентативец од второто полувреме.

И покрај ремито, ПСЖ има сериозна предност во однос на Олимпик Марсеј кој има 12 бодови и еден натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни