Поврзете се со нас

Франција

Мбапе планира да го бојкотира доделувањето на „Златната топка“

Објавено

на

Карим Бензема е главен фаворит за освојување на својата прва „Златна топка“, па француските медиуми на шега велат дека годинава е подраматично кој ќе присуствува на свеченоста на доделувањето, отколку кој ќе го освои признанието.

„Ле Паризиен“ денеска излезе со тврдење дека Килијан Мбапе ги избегнувал поканите на организаторот последниот период и повеќе од возможно е да ја бојкотира церемонијата во Париз.

Мбапе го почитува Бензема, па и самиот најави дека очекува тој да биде прв фаворит, но не бил задоволен од фактот што веројатно нема да биде ниту во Топ 3 според освоените гласови.

Засега, ѕвездата на ПСЖ ниту потврдува, ниту демантира, но медиумот од француската метропола е сигурен дека Мбапе воопшто не ја примил добро информацијата дека нема да биде меѓу најдобрите, ако веќе не може да биде најдобар.

„Златната топка“ ќе биде доделена во понеделник во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни