Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Матеус ја жали Барселона: Навистина не ми е мило да гледам…….

Објавено

на

Лотар Матеус беше убеден дека Баерн Минхен ќе победи против Барселона во четвртфиналето веднаш по одиграните осминафинални дуели во Лигата на шампионите, па токму поради тоа, неговото мислење вечерва сите го исчекуваа по нестварните случувања во Лисабон.

Баерн Минхен не само што ја победи Барселона, туку ја декласираше и понижи со историски 8:2, резултат кој дефинитивно не е својствен за еден четвртфинален меч во најелитното натпреварување, уште помалку кога играат два големи гиганти еден против друг.

Барселона беше надиграна во секој поглед, баварците со секоја своја акција претставуваа сериозна опасност кон голот на Тер Штеген, па иако постигнаа дури осум, можеа комотно да дадат уште најмалку три.

Матеус беше човекот кој прв предвиде сигурен пораз на Барселона, но дефинитивно ни на него не му беше сеедно да го гледа каталонскиот великан во вакво издание.

– Навистина ме боли да гледам тим како Барселона во вакво издание. Станува збор за тим кој предизвикуваше ентузијазам во фудбалот со години. Гледав на Баерн како сигурен фаворит, но не до волку екстремно. Никогаш не мислев дека ќе дадат осум гола, но шесте голови разлика се најдобра отслика за разликата која ја видовме на теренот.

– Нема да биде доволно да го сменат само тренерот, им требаат многу нови играчи на Барселона и мислам дека во овој момент не се финасиски моќни да трошат како порано, – порача Матеус во студиото на германски „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни