Поврзете се со нас

Италија

Матераци: Вчерашната еуфорична прослава на Конте покажува само едно нешто

Објавено

на

Антонио Конте еуфорично ја славеше вчерашната победа против Лацио и се најде во прегратка на своите фудбалери, сцена која секако брзо стана омилена меѓу фановите на клубот од Милано, но очигледно и меѓу легендните кои испишаа историја на „Џузепе Меаца“.

Марко Матераци кој беше дел од историската триплета под водство на Жозе Мурињо вели дека се повеќе е воодушевен од страста на Конте, па сега си даде за право да го нарече прав „интериста“, без оглед на неговото минато во Јувентус како легендарен играч, а потоа и успешен тренер.

– Интер заслужува да биде на врвот во Серија А, овој тим е изграден и создаден за да го освои Скудетото. Инте станува прав „интериста“. Се извини за својот гест кон Ањели, но сепак нагласи дека бил испровоциран.

– Признавањето на грешка е многу убава работа, ние сме Интер и ние сме научени на звуци од непријателот. Такви работи ја прават оваа игра уште поубава и поспецијална.

– Не сакам да ги споредувам Конте и Мурињо, но има сличности меѓу нив. Слични се по тоа како ги доживуваат натпреварите и како го вадат најдоброто од играчите. Јасно е дека имаа различен пристап за подготвување на мечот, но тоа е веќе друга тема. Јас сум насочен кон тоа што го гледам. Вчерашната прослава на Конте покажува едно нешто, тој станува „интериста“ и уживам гледајќи го тоа, – изјави Матераци за „Газета дело Спорт“, надоврзувајќи се на бесните реакции од страна на фановите на Јувентус кои го сметаат Конте за предавник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни