Поврзете се со нас

НБА

Мареј експлодираше, Атланта повторно го доби Бостон (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Атланта Хокс во рок од само неколку дена доби уште една пресметка со Бостон Селтикс, тимот со најдобар учинок во НБА лигата во оваа сезона.

„Келтите“ во претходното соочување загубија иако водеа и со 30 разлика, додека пак рано утрово беа совладани со 123:122 по дополнителните пет минути.

Херој на „јастребите“ беше Мареј кој имаше супер издание со 44 поени од кои 11 беа во продолжението, односно тој ги даде сите кошеви за домаќините во екстра периодот. Тој зад своето име додаде уште 7 скока и 7 асистенции, но во исто време не смее да се заборави ниту учинокот на Богдановиќ од 24 поени, 7 скока и 5 асистенции како и дабл-дабл ефектите на Хантер и Капела.

На другата страна лидер беше Тејтум со 31 поен, 13 скока и 6 асистенции.

Во втората средба Њу Орлеанс го одбрани домашниот терен и го доби Милвоки Бакс со 107:100. Ова за „пеликаните“ беше 45 сезонски триумф во кој најголем придонес имаше Вилијамсон со 28 поени.

Адетокумбо на другата страна на 35 поени додаде 14 скока.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни