Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Сити пред трансфер на фудбалер на Борусија Дортмунд

Објавено

на

Пеп Гвардиола очигледно не смета дека го има потребниот ростер за новата сезона, па Манчестер Сити е пред трансфер на уште еден фудбалер.

Се работи за Мануел Аканџи, дефанзивецот за кого се интересираа повеќе европски клубови, но очигледно ќе заврши на „Итихад“.

За фудбалерот на Борусија Дортмунд ќе бидат платени околу 15 милиони фунти, а бундеслигашот ќе му дозволи да замине бидејќи следното лето ќе биде слободен агент без договор.

Повредите на Лапорт и Аке го принудиле Гвардиола да размислува за уште еден стопер, па Аканџи веројатно експресно ќе биде промовиран во новиот тим.

Швајцарскиот репрезентативец и се приклучи на Борусија во 2018 година од Базел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни