Англија
Манчестер Јунајтед со соопштение го објасни новиот статус на Санчо

Англискиот клуб Манчестер Јунајтед денеска објави соопштение со кое го потврди статусот на Џејдон Санчо, повремениот англиски репрезентативец кој очигледно има се помали шанси да се врати во составот на „црвените ѓаволи“.
По конфликтот со менаџерот Ерик тен Хаг, Санчо нема да тренира со останатите членови на првиот тим, што е јасна најава зад кого застанува клубот во оваа ситуација.
– Санчо ќе работи според индивидуална програма, оддалечен од првиот тим, очекувајќи решение за случајот со прекршување на дисциплината, – објави кратко премиерлигашот.
Одлуката е дополнителна најава дека Санчо може да замине од „Олд Трафорд“ уште во јануари, освен ако нема голем пресврт, за кој шансите се минимални.
Тен Хаг во составот нема да го има ниту Антони, кој е оддалечен од тимот поради обвинувањата за физичко насилство од неговата поранешна партнерка.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Италијапред 22 часа
Наполи ќе го менува Гарсија со друг француски тренер