Поврзете се со нас

Европски првенства

ЕП У-19: Македонската репрезентација немаше решение ниту за Србија

Објавено

на

Foto:facebook.com/rfmofficial

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години доживеа уште еден пораз во разигрувањето за што подобра позиција на Европското првенство во Романија, а денеска е совладана од Србија со 30:19.

За разлика од вчерашниот дуел со Норвешка, нашите најдобри јуниорки денеска имаа негатива уште на полувреме (14:8) и не можеа да го сопрат налетот на српската селекција, која до крајот си обезбеди поубедлива победа.

Нестороска со 5 и Ризоска со 4 голови биле најефикасни во македонскиот состав, додека кај Србинките се истакнала Тодоровски со 8 погодоци.

По денешниот пораз, македонската селекција ќе разигрува за пласман од 13 до 16. место на ова ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни