Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија освои само бод против Фарските Острови

Објавено

на

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години освои само бод (24:24) на дуелот со Фарските Острови, кој се одигра денеска во рамките на ЕХФ шампионатот во Скопје.

И покрај добриот старт на избраничките на Љубомир Савевски, Фарските Острови го завршија првиот дел со водство 14:13, што беше најава за неизвесен втор дел од средбата.

Предноста на Македонија од три гола во второто полувреме не беше доволна за победа, бидејќи противникот повторно се врати во игра, а Македонија на крајот можеше да остане и без бодот од овој дуел.

Јанкуловска со 8 и Џатевска со 5 голови беа најефикасни во нашата репрезентација.

За македонската селекција ова е прво реми на ЕХФ шампионатот, по стартната победа над Босна и Херцеговина, што е доволно за делба на второто место токму со Фарските Острови.

Следен противник на нашата репрезентација е Холандија, репрезентацијата која е единствена со перфектен учинок по стартните две кола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни