Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија не го искористи доброто прво полувреме за почетен триумф во квалификациите

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ги отвори квалификациите за ЕП со пораз (69:74) во дуел со Естонија, неуспех на домашен терен кој ги намалува шансите за пласман на завршницата на Евробаскетот во 2025 година.

Избраниците на Алек Јончевски беа подобар противник во првото полувреме и посебно во вториот период, во кој стигнавме до позитива од девет поени, а на пауза се замина со плус седум во корист на Македонија.

Естонците сепак брзо го возвратија ударот и го започнаа третиот период со серија со која стигнаа до водство 43:45, а периодот го завршија со плус четири.

Првиот противник на Македонија во групата се снајде подобро и во последната делница, постојано водеше, па на крајот иако ја намаливме негативата, немаше време за целосен пресврт во СРЦ „Кале“. Во овој период повреда заработи и Нено Димитријевиќ, па принудно пропушти дел од клучните моменти на теренот.

Димитријевиќ со 25 и Хап со 18 поени беа најефикасни во македонскиот состав, додека Вене и Котсар стигнаа до 16 поени во редовите на победничката селекција.

Следен противник на Македонија е Полска на 26. февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни