Поврзете се со нас

Македонија

Македонија има кошаркарски таленти: „Ангелите“ Трпески и Димитровски режираа атрактивни забивања во НБА стил (Видео)

Објавено

на

Младинскиот тим на КК Ангели се наптреварува во Втората македонска кошаркарска лига и стигна до третата победа во четири одиграни меча, откако изминатиов викенд на домашен терен не му даде никаква шанса на Црн Дрим.

Младите „ангели“ славеа со убедливи 95:63 во меч кој немаше голема резултатска неизвесност, но кој донесе две атракции кои потсетија на монструозните потези кои редовно се гледаат во НБА лигата.

Станува збор за кошаркарите Љубиша Димитровски и Давид Трпески, кои презентираа моќни забивања во дуелите со противничките кошаркари, кои едноставно немаа никаква шанса за одговор во дадените ситуации.

Интересно е тоа што се работи за двајца плејмејкери чија првична задача не е да се натскокуваат во рекетот, но младите играчи од генерацијата 2002-ра и 2003-та покажаа дека знаат да се снајдат и во улога на центри.

Димитровски погоди по атрактивен цепелин кој му го овозможи одличното додавање од негов соиграч, додека Трпески стави на „постер“ противник откако топката се одби од обрачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни