Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике: Седум играчи на Барселона можат да бидат стартери во ПСЖ

Објавено

на

Луис Енрике вчеравечер одработи една интересна интернет сесија со која потсети на времето кога беше шпански селектор, или поточно имаше видео обраќање на Твич и одговараше на прашањата кои му ги поставуваа сите корисници на оваа платформа.

Кам-бекот на Твич беше ненајавен и добар дел од медиумите останаа изненадени од потегот на Лучо, кој повторно беше расположен како на Светското првенство во Катар и даде интерерсни одговори со кои се најде во центарот на вниманието.

Луис Енрике по извлечената ждрепка во Лигата на шампионите призна дека се радува што ќе се врати во својот втор дом Барселона, но сега говореше доста посериозно и смета дека неговиот ПСЖ го чека навистина тешка задача и покрај тоа што е посочен како фаворит.

– Четвртфиналето со БАрселона ќе биде многу тешко. Не само поради тоа што станува збор за Барселона, туку и поради анализата која ја имаме направено врз нивниот тим.

– Како тренери, секогаш го поставуваме прашањето: Колку играчи на Барса би биле стартери во ПСЖ? Ќе помислите многу малку, но не е така. Тер Штеген може да биде стартер, Араухо и Кунде исто така. Де Јонг би бил стартер без никакви дилеми, истото важи и за Гави, Педри и Јамал. За Левандовски исто така би немало дилеми. Значи има сигурни шест или седум играчи кои би биле стартери во ПСЖ, Сити, Реал Мадрид, Арсенал или Баерн. Станува збор за играчи од највисока класа, па иако Барса не е на најпосакувано ниво, верувам дека ќе бидат најдобри во клучниот дел од сезоната. На емотивно ниво ќе биде многу тешко за мене, но јас сум професионалец и знам како да го претставам мојот клуб, – порача Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни