Поврзете се со нас

Италија

Лотито: Тудор ги одби Рома и Наполи пред да го избере Лацио

Објавено

на

foto: www.lalazio.com

Калчолигашот Лацио ќе добие нов тренер и тоа во името на Игор Тудор кој ќе го заземе местото на Маурицио Сари кој одлучи да се поднесе оставка во серијата на лошо резултати.

Клубот од Рим експресно најде замена за Сари, поточно успеа да се разбере со Хрватот кој многу добро го познава италијанскиот фудбал и како играч и како тренер.

-Сари одеднаш поднесе оставка и се обидовме да го убедиме да остане. Вистината е дека на некои им пречи што успеавме да го решиме проблемот за 24 часа.  Го зедов телефонот, ги запознав агентите и ја добив благодарноста од Тудор кој ги одби Наполи и Рома, -истакна претседателот Клаудио Лотито кој негираше дека го продава италијанскиот прволигаш.

-Не сум дал никаков мандат на група советници да бараат купувачи кои можат да помогнат или да го преземат клубот. Сè е лажно, измислуваат. Не го продавам, -заклучи Лотито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни