Поврзете се со нас

Италија

Лотито го „поздрави“ Сари и посочи: Тудор знае да примени и стап!

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Игор Тудор се истакна како необично строг тренер во редовите на Олимпик Марсеј и тоа им донесе проблеми на дел од фудбалерите од првиот тим, но Клаудио Лотито смета дека е потребна токму „цврста рака“ за да се решат проблемите кои настанаа во Лацио во последно време.

Маурицио Сари бараше низа изговори во последните неколку месеци и потенцираше дека Лацио нема тим кој може да се бори на повеќе фронта, а овие негови изјави сега наидоа на негодување од страна на претседателот.

Иако Лотито му даваше безрезервна поддршка на Сари до последен момент, сега го промени ставот и заклучил дека погрешил после тоа што го видел во очите и излагањето на Тудор.

– Не беше планирано да имаме нов тренер, но ургентната ситуација ме натера да направам брз избор. После неколку дена, убеден сум дека го направив вистинскиот избор. Потпишав тренер кој знае штп прави, човек кој презема одговорност и кој знае како да примени и стап, нешто што мислам дека е потребно и важно во фудбалот.

– Тудор може да донесе глад, ни недостасуваше такво нешто. Ќе донесе и гордост и одговорност, може да му помогне на тимот да ја врати самодовербата која ја имаше. Се препознав себеси во Тудор, најлесно е да барате алиби како некои други, сметам дека тоа е погрешно (алудирајќи на Сари). Така се испраќа погрешен сигнал до тимот, а нас ни е потребно играчите да бидат во најдобра форма за игра, на физички, но и психолошки план, – вели Лотито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни