Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен го надигра Фрајбург и направи уште еден голем исчекор кон титулата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен не застанува и продолжува со брилијантните изданија во домашното првенство, дури и во ситуација кога има тешки европски предизвици како што беше оној против Карабах пред три дена.

„Фармацевтите“ се враќаа од голема негатива за да се пласираа во четвртфиналето, па иако акумулираа одреден замор, денеска повторно освоија три бода во Бундеслигата.

Леверкузен направи уште еден голем исчекор кон прва титула во својата клупска историја во Бундеслигата, бидејќи го освоија и тешкото гостување кај Фрајбург.

Вирц го отвори резултатот со одличен удар од дистанца и најави возбудлива пресметка, во која свој збор имаа и домаќините кои успеаја да постигнат два погодоци.

Доан брзо израмни на 1:1 и повторно ги предизвика фаворитите, по што Хлошек погоди пред крајот на првиот дел и повторно го донесе тимот на Чаби Алонсо во водство.

Напаѓачот Шик зголеми на 1:3 на стартот на вториот дел, а до крајот уште еден гол постигна Кеител за конечни 2:3, резултат со кој Баер и натаму има десет бода повеќе од Баерн.

Головите погледнете ги ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни