Поврзете се со нас

Германија

Лев откри кога знаел дека ќе се повлече од селекторската функција

Објавено

на

Германскиот селектор Јоаким Лев откри дека одлуката за повлекување од функцијата ја има донесено одамна и била иницирана од еден пораз.

Пред неколку дена федерацијата соопшти дека Лев нема да биде селектор по Европското првенство кое беше одложено за годинава.

– Уште по ланскиот пораз од Шпанија со 6:0 си ветив дека во март ќе донесам конечна одлука.

– Си поставив многу прашања и направив анализа за да дојдам до одговорите, па решив дека е најдобро да се повлечам, – изјавил Лев.

Поранешниот помошник на Јирген Клинсман ја презема функцијата во 2006 година, а со Германија успеа да го освои Светското првенство во 2014 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни