Франција
„Л’Екип“ открива скандал во Франција: Некои претседатели на клубови ургирале кај Макрон да се прекине првенството
Многумина останаа изненадени кога француската влада одлучи да забрани секакви спортски случувања до септември и со тоа да стави точка на актуелното фудбалско првенство во кое многу работи останаа нерешени.
Франција беше меѓу првите земји со Белгија и Холандија кои ги прекинаа првенствата, а останатите лиги се очекува да продолжат во следниот период.
По ваквата одлука беше донесена дополнителна одлука ПСЖ да стане шампион, а Амиен и Тулус да се преселат ранг подолу.
Еден од најпознатите француски тимови, Лион, по ваквата одлука не успеа да се избори за настап во Европа, па токму затоа упати и тужба до француските фудбалски власти.
Сега, „Л’Екип“ открива дека зад ова се крие „матна игра“ затоа што некои клубови инсистирале директно кај претседателот Емануел Макрон првенството да биде прекинато.
– Има претседател кој јасно ми кажа дека цела саботна вечер ја поминал со своите пријатели кога ги побарале Емануел Макрон и премиерот Едуард Филип за да ургираат првенството да биде прекинато, -изјави новинар на „Л’Екип“.
На ваквите најави со коментар веднаш се јави првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола кој побараа јавно да бидат обелоденети имињата на тие претседатели на клубови.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 23 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 11 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 24 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“