Поврзете се со нас

Формула 1

Легендарниот Сена доби гигантски мурал во Сао Пауло (Видео)

Објавено

на

Аиртон Сена останува запаметен како едно од најголемите имиња во историјата на Формула 1, но и возач кој животот го загуби на трагичен начин, односно како последица на удирот со голема брзина во заштитната ограда за време на трката во Имола во 1994 година.

Бразилците го слават како едно од најважните спортски имиња во историјата, а деновиве во Сао Пауло блесна и негов гигантски портрет во вид на мурал изработен од неговиот голем фан, Едуардо Кобра. Тој е поставен на 41-метарски ѕид на една од зградите во близина на локацијата каде следниот викенд ќе се вози и трката од актуелниот Ф1 шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни