Ватерполо
Легендарниот Рудиќ стави крај на тренерската кариера
Легендарниот ватерполо тренер Ратко Рудиќ се раздели со италијанскиот клуб Про Реко и најави крај на својата успешна кариера.
Рудиќ кој има 72 години се пензионира малку порано од предвиденото поради актуелната пауза наметната од коронавирусот, а го предводеше Про Реко од јуни 2018 година.
Хрватскиот стручњак ќе биде запаметен како најтрофеен тренер во овој спорт, откако само со Хрватска освои 10 медали, а статистиката вели дека како играч и тренер има освоено 67 медали. Тој е и единствениот тренер во спортовите со топка кој освоил четири олимписки злата со три различни репрезентации.
Рудиќ дебитирал како играч на Јадран во 1963 година, освоил 8 југословенски и 2 европски титули со Партизан, како и неколку олимписки медали со репрезентацијата.
Во 1984 година станува селектор на југословенската репрезентација, која како ватерполо светска сила станува олимписки шампион во 1984 и 1988 година и светски шампион во 1986 година.
Рудиќ освои уште многу модели како селектор на Италија и Хрватска, а има голема заслуга и за развојот на ватерполото во САД и Бразил.
-
Шпанијапред 20 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Светпред 8 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
НБАпред 20 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 5 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Куман смета дека Гакпо избрзал со трансферот во Ливерпул
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција