Поврзете се со нас

Германија

Легенда на клубот: Убеден сум дека Борусија може да ја освои титулата

Објавено

на

Борусија Дортмунд го презема врвот на табелата во Бундеслигата и максимално профитираше од последниот кикс на Баерн Минхен, кој сега ќе мора да чека кикс на противникот за да се врати на посакуваната позиција.

Навивачите на „милионерите“ би биле воодушевени од освојување на титулата во сезоната во која Баварците беа апсолутни фаворити, а Роман Вајденфелер верува дека неговиот поранешен клуб може да стигне до таков подвиг.

Екс голманот на Борусија е стручен коментатор за германските медиуми и смета дека убедливиот триумф над Ајнтрахт имал посебно значење.

– Убеден сум дека Борусија може до титулата.

– Екипата испрати сериозен сигнал со победата над Ајнтрахт, веднаш по киксот против Штутгарт кој ги разочара фановите. Сигналот не е само за фановите, туку и за сите ривали во лигата.

– Борусија ја очекуваат уште пет натпревари, пет финалиња, нема да биде лесно, но ако фудбалерите сакаат да стигнат до титулата, не смеат да помислат на грешка – вели Вајденфелер.

Членот на шампионската генерација предводена од Јирген Клоп, го пофалил и голманот Кобел, кој направи голем кикс на дербито со Баерн.

– Неверојатно е да брани на таков начин по грешката во Минхен. Грешки се случуваат, лош беше тајмингот, но најважно е што не дозволи да биде под влијание на таа ситуација, – изјавил Вајденфелер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни