Поврзете се со нас

НБА

Леброн го режираше најурнебесниот „почетен удар“ во НБА лигата и стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Леброн Џејмс играше како во транс во последните минути од мечот со Сакраменто и со 10 поени му донесе победа на својот Лејкерс, но покрај брилијантните потези, „кралот“ понуди и една ситуација која наиде на многу реакции во јавноста.

Во отсуство на Ентони Дејвис и класичен центар во тимот, тренерот Вогел го испрати Џејмс на почетното потфрлување од судијата, а токму присуството на Леброн се најде во прв план.

Џејмс како однапред да почувствува дека нема никакви шанси да дојде прв до топката против Дамијан Џонс, па воопшто и не скокна во дуелот за почетната акција.

Најголемата ѕвезда на „езерџиите“ имаше урнебесна реакција и веднаш се сврте кон својата половина, по што неговите соиграчи беа приморани да се бранат од првиот напад на гостите.

На крајот, Леброн беше најдобар на паркетот и го заврши мечот со 31 поен во победата изразена со резултат 122:114.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни