Поврзете се со нас

Европски првенства

Лебеф: Португалија може да го освои ЕП, но само ако Роналдо…

Објавено

на

Ова лето има неколку топ настани во светот на спортот, а еден од нив е Европското фудбалско првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Се очекува да биде драматично, неизвесно со оглед на тоа што нема некоја селекција која е изразит фаворит за пехарот, но во онаа топ група на репрезентации која може да го нападне трофејот дефинитивно е Португалија.

Португалците имаа супер фуриозни квалификациите во кои голем придонес даде Кристијано Роналдо со десет погодоци. Меѓутоп според поранешниот француски репрезентативец, Франк Лебеф ветеранот не е и е потребна на селекцијата од Пиринеите, поточно според него само без Роналдо овој тим ќе може да го освои шампионатот.

-За мене Португалија е еден од кандидатите за титулата. Мислам дека тие можат да го освојат ЕП, но само ако Роналдо не игра. Не можете да одземете ништо од тоа што го направи за фудбалот само затоа што реши да игра во Саудиска Арабија. Сакам да му се заблагодарам што го однесе спортот на друго ниво, но за сите има крај, -рече Лебеф и додаде:

-Роналдо има право да игра во Саудиска Арабија, иако не сум сигурен дека му требаа парите. Немам проблем со играчите да играат во малите лиги за пари на крајот од нивните кариери, истото се случи и со Лионел Меси. И двајцата беа фантастични играчи, но тие избраа да не играат повеќе на врвно ниво и ние мора да го почитуваме тоа. Ништо не може да се одземе од тоа што му го дадоа на фудбалот. Конкуренцијата меѓу двајцата го направи спортот подобар и поатрактивен, -заклучи некогашниот стопер на Челси и Олимпик Марсеј, играч кој беше дел од славана француска репрезентација која доминираше во светскиот фудбал на крајот на минатиот и почетокот на овој век.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни