Поврзете се со нас

Италија

Леао доби црвен картон, Милан и без него ја освои Џенова (ВИДЕО)

Објавено

на

Бранителот на титулата во италијанската Серија А, Милан издвојува победа над Сампдорија од 2-1 во последниот меч од денешната програма во најсилната фудбалска конкуренција.

Средбата во Џенова ја одбележаа одлуките кои беа носени со помош на ВАР, а во оваа ситуација подобро се снајдоа гостите кои играа со играч помалку скоро цело второ полувеме со оглед на тоа што црвен картон во 47 минута доби Рафаел Леао.

Се започна во 6 минута со голот на Месијас, потоа во 21 минута му беше поништен погодок на Де Кателаре за да во вториот дел по исклучувањето на Леао домаќините израмнат во 57 минута преку Ѓуричиќ.

Во 67 минута Жиру се избори за пенал кој потоа го искористи за ново водство на Милан кое се покажа како клучно, доволно за три големи бода.

„Црвено-црните“ со 14 бода е на второто место на табелата зад Наполи на Елиф Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни