Поврзете се со нас

Формула 1

Латифи по „асистенцијата“ за Ферстапен: Шокиран сум од пораките кои ги добив

Објавено

на

Николас Латифи имаше своја улога во драматичната последна трка во Формула 1 шампионатот која се возеше во Абу Даби, а се јави со прва реакција по повеќе од една седмица од големата победа на Макс Ферстапен.

Излетувањето на возачот на Вилијамс го активираше безбедносното возило, а тоа подоцна му помогна на Ферстапен да го престигне Луис Хамилтон, што му донело голем број навреди, па и закани по животот на Латифи.

– Веднаш откако заврши трката, претпоставував како ќе се одвива работата на социјалните мрежи. Фактот што сметав дека привременето деактивирање на Инстаграм и Твитер профилите неколку дена, кажува се што треба да знаеме за суровоста на социјалните мрежи.

– Повторно видовме дека инцидент може да го извлече најлошото од луѓе кои се таканаречени Формула 1 фанови. Она што ме шокираше беше екстремниот тон на навреди, омраза, па и закани по живот.

– Ако се навратам на трката, можам да им се извинам само на членовите на мојот тим, а тоа го направив веднаш по завршувањето на настапот, – вели Латифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни