Поврзете се со нас

Свет

Кварацхелија со традиционален грузиски танц го славеше пласманот на ЕП (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EURO2024

Фудбалската репрезентација на Грузија испиша историја и во својот втор обид се пласираше на едно Европско првенство, откако пред три години потклекна на последниот чекор во баражот со Македонија.

Грузијците го искористија второто бараж финале за да изборат историски пласман на еден голем турнир, а тоа го направија откако беа подобри од Грците во пенал рулетот.

Домаќините имаа повеќе нерви во Тбилиси и излегоа како победници во фудбалската лотарија, по што во соблекувалната следело продолжување на големото славје кое почна на теренот.

Грузиската федерација откри дека Квича Кварацхелија бил предводник на еуфоријата во соблекувалната, па тоа го правел со традиционалниот Картули танц.

Ѕвездата на Наполи не беше дел од пенал рулетот и мораше да страда како навивач повеќе, но прославата покажува дека повредата поради која излезе не е премногу сериозна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни