Поврзете се со нас

Европски првенства

Куртоа откри детали од караницата со белгискиот селектор: Тој ми се закани…

Објавено

на

Тибо Куртоа доживеа голем шок на стартот на сезоната и заработи најтешка повреда во кариерата, проблем поради кој практично ќе ја пропушти цела натпреварувачка кампања.

Од Шпанија се појавија информации дека Куртоа има шанси да се врати во мај и да одигра неколку меча во самиот финиш од сезоната, но ако е нешто сигурно, тоа е дека Тибо нема да настапи на Европското првенство во Германија.

Голманот самиот се прецрта за континенталниот собир кој следи, не поради нарушениот однос со селекторот Тедеско, туку поради ветувањето кое му го дал на својот клуб Реал.

Во интервјуто за „Спорца“, искусниот чувар на мрежата говореше за планот кој го има со повредата, но и за скандалот кој го предизвика во репрезентацијата кога го напушти кампот поради несогласување со Тедеско.

– Неколку часа пред мечот со Австрија, Тедеско не повика мене и Лукаку и ни соопшти дека Ромелу ќе биде капитен против Австрија, а јас против Естонија. Тогаш се скрши нешто во мене, едноставно не бев во ред. Одиграв најдобро што можев против Австрија, а по последниот судиски свиреж отидов кај селекторот и му порачав дека има проблем.

– Селекторот не се потруди да пронајде решение, еднставно ми порача дека ќе каже се во јавноста. Сакаше да го зголеми притисокот врз мене за да не си одам, тоа беше еден вид на закана. Знам дека не требаше да си одам, но не беше добра реакцијата и на селекторот. Имавме приватен разговор, а истиот потоа стана јавен, – објаснува Куртоа и додава.

– Со Реал се договорив дека нема да играм на Европското првенство. Сакам да се рехабилитирам максимално, да не избрзувам со враќањето. Нема да има Европско првенство за мене, сакам да се фокусирам на целосно заздравување, – додава Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни