Поврзете се со нас

Македонија

Куп шампионот во акција: ТФТ го потврди и петтото засилување за новата сезона

Објавено

на

ТФТ Скопје беше сензационален победник на кошаркарскиот Куп на Македонија и најпријатно изненадување во мак-баскетот изминатата сезона, која послужи како потстрек за одлични засилувања во тимот од Тафталиџе.

Кошаркарскиот колектив од Карпош денеска го потврди и петтото летно засилување за новата натпреварувачка сезона, а овојпат станува збор за добро познато име од Америка кое веќе играше во Супер лигата.

ТФТ го потврди ангажманот на Донован Доналдсон, плејмејкер кој и е познат на нашата јавност од времето кога го носеше дресот на Гостивар.

Тој беше најдобар играч на Гостивар во сезоната која беше прекината поради коронавирусот, а сега од редовите на унгарски ЈКСЕ се враќа во Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни