Поврзете се со нас

Англија

Крауч ги издвои тројцата најдобри стопери со кои се соочил во кариерата, но еден сепак отскокнува од другите

Објавено

на

Foto:twitter.com/petercrouch

Питер Крауч беше непредвидлив играч за врвните дефанзивци поради висината и снаодливоста во шеснаесетникот, а добрите настапи за Ливерпул го однесоа и до англиската фудбалска репрезентацијата.

Краучи запиша повеќе од 40 настапи за националниот тим и постигна дури 22 гола, но како име кое цела своја кариера ја мина во Премиер лигата, сега проговори за најтешките ривали кои ги имал на теренот.

Напаѓачот водеше жестока битка со стоперите и најголем дел од дефанзивците имаа проблеми да се справат со неговата висина, но Крауч вели дека тројца посебно добро се носеле во дуелите.

– За мене, Џон Тери беше најверојатно најдобриот од низата врвни дефанзивци со кои се соочив. Кога ќе тргнам отпочеток, секогаш се сеќавам на денот кога бев школуван од Тони Адамс на еден од моите први натпревари на највисоко ниво. Не беше меч од Премиер лигата, стануваше збор за Куп и тогаш бев дел од КПР. Во тој момент мислев дека сум зрел продукт за Премиер лигата, но се уверив дека грешам.

– Адамс беше неверојатен дефанзивец, брзо ме на тера да се премислам. Низ текот на годините, многу проблеми ми правеше и Сол Кембел, но ако треба да бирам, Џон Тери е на прво место, – вели Крауч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни