Поврзете се со нас

Олимписки игри

Кошмар за Анчелоти и Реал: Зглобот на Себалјос во ужасна состојба уште на олимпиското деби (Видео)

Објавено

на

Шпанија не успеа да го победи Египет на првиот натпревар на Олимписките игри, а средбата во Сапоро донесе многу проблеми за дел од репрезентативците, па и нивните клубови кои ги следат настапите.

Уште во првото полувреме поради повреда беа заменети Оскар Мингеса и Дани Себалјос, фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид, за кои засега е нејасно дали ќе го продолжат настапот на Олимпијадата.

Мингеса почувствува болка на бутниот мускул, додека Себалјос настрада по еден невнимателен старт на противнички фудбалер.

Судијата дури беше повикан да ја прегледа снимката, но се реши само за жолт картон за египетскиот репрезентативец, додека Себалјос мораше да ја напушти играта.

По натпреварот, шпанските медиуми ја истакнаа состојбата зглобот на ногата и тој не дава оптимизам дека Себалјос ќе може брзо да се врати на терените.

Ова е сериозен проблем и за Реал Мадрид, чиј тренер Карло Анчелоти не може да смета на засилувања во средниот ред, па очекува сериозен придонес и од повратникот Себалјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни