Поврзете се со нас

Англија

Конте за иднината на најголемата ѕвезда на Тотенхем: Ја разбирам ситуацијата на Кејн, но….

Објавено

на

Тотенхем вечерва ја игра првата од двете предвидени полуфинални пресметки во ЕФЛ Купот против Челси, дерби кое ќе значи враќање за Антонио Конте на местото на кое оствари голем успех.

Конте ја освои Премиер лигата како предводеник на Челси и сега пристигнува на теренот на поранешниот тим како лидер на омразениот градски ривал, кој едноставно не знае за пораз во Премиер лигата откако Италијанецот го наследи Нуно Еспирито Санто.

По катастрофалниот старт на сезоната, Конте почна да го вади максимумот од сите играчи кои ги има на располагање, вклучувајќи го и подзаспаниот Хари Кејн кој полека почна да се буди и да личи на себе на последните натпревари.

– Кејн сака да го даде својот максимум на секој натпревар и навистина сум задоволен од тоа што го покажува. Тој е посветен фудбалер и имаме навистина добар однос, сакам такви фудбалери.

– Знам каква беше ситуацијата изминатото лето и знам дека сакаше да си замине. На крајот остана во Тотенхем и од тој момент е вклучен во проектот. Ја разбирам неговата ситуација, кога ќе ја завршите кариерата, сакате да се свртите и да ги гледате трофеите. Тоа е навистина важно, поготово за врвни играчи како него. Сепак, ако размислуваме да освоиме нешто, Хари мора да биде нашата почетна точка, – вели Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни