Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Конте: Не очекува голем меч против Милан, сакаме пласман во четвртфиналето

Објавено

на

Тотенхем ќе го пречека Милан на вечерашниот меч во Лигата на шампионите, средба на која домаќините ќе имаат задача да остварат победа ако сакаат пласман во наредната фаза.

Победа од еден гол разлика ќе значи продолженија, а поубедлива ќе ги однесе во четвртфиналето каде веќе се Бенфика и Челси. „Петлите“ за овој дуел ќе добијат засилување и тоа во името на тренерот Антонио Конте кој ги надмина здравствените проблеми и ќе може да си ја работи својата задача во препознатлив стил.

-Сега се вратив и среќен сум. Имаме голема меч, сакаме да одиме во следната фаза. Се надевам дека ќе ја почувствувам неверојатната атмосфера на стадионот. Да се ​​биде присутен е сосема поинаку. Му се заблагодарувам на стручниот штаб затоа што направија одлична работа, знам дека на играчите не им беше лесно да бидат далеку од тренерот, -истакна Конте кој порача дека живее за вакви средби.

-Живееме за вакви моменти затоа што кога притисокот расте, тоа значи дека вашето ниво расте. Не заборавајте дека минатата година играме во Конферециската лига. Оваа играме во ЛШ. Ја освоивме нашата група и сега имаме можност да го победиме Милан и да одиме во следната фаза … Ако ме прашувате дали сакам да ја освојам Лигата на шампионите, би рекол да, но има реалност. Мораме да одиме натпревар по натпревар, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни