Македонија
Клубот од Дебар Маало има нов сопственик: Работнички официјално продаден за 600.000 евра

Поранешниот македонски шампион Работнички и официјално има нов сопственик, а тоа е турската компанија Џевахир.
Македонска берза објави дека објави дека се продадени 250 акции на овој клуб, односно целата трансакција изнесува 36.904.250 денари или поточно составот од Дебар Маало е продаден за околу 600.000 евра.
Со ова „романтичарите“ официјално отвараат ново поглавје во својата историја и останува да се види дали новите газди ќе го вратат тимот на старите патеки со оглед на тоа што Работнички е четирикратен македонски првак, исто толку пати има триумфирано и во Купот, а во минатото имаше одлични резултати и во Европа каде беше многу блиску и до пласман во групната фаза во ЛШ и ЛЕ.
Интересно, новиот сопственик реши да плати 24 пати поскапо за да ги добие сите акции на клубот од Дебар Маало, бидејќи номиналната вредност за една акција изнесуваше 100 евра, а Турците платиле 2.400 евра.
-
Италијапред 23 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 17 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 17 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 9 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 22 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)