Поврзете се со нас

АТП

Кирјос на урнебесен начин му честиташе на Ѓоковиќ за историскиот успех, Новак веднаш му возврати (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Ник Кирјос во минатото беше голем противник на се она што го правеше Новак Ѓоковиќ на теренот и надвор од него, но ситуацијата значително се поправи во изминатите две години и двајцата сега имаат извонреден однос.

Човекот кој му одеше по нерви на светскиот рекет број еден сега со големо задоволство ги проследува сите успеси на Новак Ѓоковиќ, а така е и по историскиот момент на Френч Опен.

Ѓоковиќ вчера го освои Ролан Гарос и освои рекордна 23-та грен слем титула во кариерата, по што Кирјос се јави со урнебесна порака за советите кои му ги давал за земјена подлога.

– Честитки Новак. Од денот кога бараше совети за игра на земја, до освојување на Ролан Гарос. Горд сум на тебе пријателе, тука сум секогаш за тебе, те сака тренер Кирјос, – порача Ник, а Новак брзо возврати.

– Истото важи и за тебе брате. Ако ти треба некој совет за трева, тука сум за тебе…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни