Поврзете се со нас

Свет

Кил најави долга пауза за Сагосен

Објавено

на

Германскиот ракометен гигант Кил денеска потврди дека Сандер Сагосен оди на долга принудна пауза.

Норвежанецот заработил повреда на дуелот на кој Кил играл против Хамбург, по што веднаш бил пренесен во болница на детални прегледи.

Лекарскиот тим на Кил утврдил фрактура и оштетување на лигаментите на зглобот на левата нога на Сагосен, а проценките се дека големата ракометна ѕвезда ќе мора да паузира меѓу 6 и 8 месеци.

Кил претходно на долг период го загуби и Пекелер, а сега и Сагосен ќе го пропушти финишот на актуелната сезона и добар дел од натпреварите следната сезона.

– Навистина е брутално што загубивме двајца клучни ракометари за толку кратко време. Жалиме за повредите на Пекелер и Сагосен, но знаеме и дека мора да продолжиме да работиме напорно и без нив, – изјавил тренерот Филип Јиха.

Кил треба да одигра уште две средби во Бундеслигата, а на 18. јуни го очекува и полуфиналето на Ф4 турнирот на Лигата на шампионите против Барселона.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни