Поврзете се со нас

Италија

Касано првпат го брани Јувентус: Не може да биде казнет само еден клуб

Објавено

на

Антонио Касано вообичаено е прв да го критикува Јувентус и посебно играта на екипата предводена од Макс Алегри, но смета дека „бјанконерите“ добиле неправедна казна во случајот „плусваленца“.

Јувентус е казнет со одземање 15 бодови поради вештачко зголемување на трансфер сумите, а со тоа и прикажаниот профит од нив, но во Италија „јавна тајна“ е дека сите клубови работат на сличен начин, посебно во ситуација кога имаат финансиски потешкотии.

Во овој случај, Јувентус е единствен кој доби драстична казна, додека останатите обвинети клубови поминаа со симболична парична казна, а за дел од клубовите воопшто не ни постои обвинение.

– Ако правилото важи за Јувентус, мора да важи и за сите останати италијански клубови.

– Законот мора да важи за сите. Ако Јувентус направил грешка, треба да одговара, но и другите треба да одговараат. Овојпат сум на страната на Јувентус, – изјавил Касано на „Бобо ТВ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни