Поврзете се со нас

Боречки спортови

Каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Светските игри во боречки спортови

Објавено

на

Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, од 18 до 22 октомври ќе биде домаќин на Светските игри во боречки спортови, а двајца членови на карате клубот „Макпетрол“, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, ќе учествуваат на глобалниот собир. Ова натпреварување, освен карате, вклучува и 15 други спортови.

Пријавени се над 1.700 индивидуалци од 80 земји, контролата ќе ја вршат повеќе од 400 судии и технички лица, а мечевите ќе се одржуваат во пет различни објекти.

Пресуден услов за учество на игрите е спортистите да се наоѓаат меѓу осумте најдобри на Светската карате ранг-листа. Во секој спорт, како и во секоја тежинска категорија, ќе учествуваат единствено првите осум спортисти, односно само тие што се најдобро пласирани на своите светски ранг-листи.

Претставниците на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат во засебни тежински категории. Витомир Трајковски ќе настапи во полутешка (-84 кг.), додека Стефан Стојановиќ ќе учествува во тешка категорија (+84 кг).

На официјалната ранг-листа на WKF (Светска карате федерација), Трајковски е прворангиран, додека Стојановиќ е на третата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни