Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карачиќ разочаран: Барселона е на врвот поради лотарија

Објавено

на

Игор Карачиќ има освоено две шампионски титули со Вардар во Европа, а засега ќе остане на нив откако тој и неговите соиграчи загубија во драмата со Барселона во „Ланксес арената“.

Во големото финале во Келн кое не беше одлучено и по продолжение, на крајот се пристапи кон изведување пенали, а таму херој беше Перез де Варгас, односно трагичар Алекс Душебаев.

Поранешниот играч на Вардар не го реализираше својот пенал и тоа направи главна разлика во мечот кој беше максимално изедначен, а по кој Карачиќ мораше да се помири со пораз за првпат во едно финале во Лигата на шампиони.

– Секако дека сме тажни и разочарани. На крајот одлучи рулет, одлучи лотаријата. Имаше огромна борба и мора да и се честита на Барселона. Ако освоеше Кјелце, ќе беше заслужено исто како и Барселона.

– Тие направија историја, првпат некој одбрани Ф4 турнир во ракомет, им честитам на сите мои пријатели во Барса. Нема за што да очајуваме, се боревме до крај, иако треба да жалиме за последните пет минути од регуларниот дел. Направивме почетнички грешки, а тоа е големо финале е се плаќаат грешките. На крајот, се се сведе на лотарија. Одлучи лотаријата и Барселона е на ракометниот трон, – изјави Карачиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни