Поврзете се со нас

Италија

Капитенот на Милан за Леао: Ако сака да ја освои „Златната топка“…

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Рафаел Леао и во актуелнава сезона е еден од лидерите на калчолигашот Милан и во досегашниот дел има „дабл-дабл“ од 10 голови и 11 асистенции на 36 натпревари.

Тој има капацитет и знаење за уште подобар учинок ако биде поконстантен во своите настапи и со тоа да ги замолчи критичарите кои секогаш се јавуваат кога Португалецот е во мала криза. Меѓутоа Леао е страшен играч и тоа го знаат и неговите колеги, па така капитенот Давиде Калабрија посочи што напаѓачот треба да направи за да биде најдобар на светот, па и да ја освои „Златната топка“.

-Леао ја претставува радоста на играта, тој има вроден талент што му овозможува да има предност. Тој мора да биде способен да остане смирен, тогаш теренот зборува за него, бројките покажуваат дека тој е фундаментален играч за нас.

-Ако стане посвесен за својот талент, може да стане број еден во светот, мислам дека е играч за Златната топка. На техничко ниво, со неговите физички карактеристики, не гледам многу како него. Ако го има убиствениот инстинкт на Мбапе пред голот, мислам дека би можел да ја освои Златната топка, -порача Калабрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни