Поврзете се со нас

Италија

Капело: Ибрахимовиќ е играч-тренер во Милан

Објавено

на

Вечерва се игра големото италијанско дерби меѓу Милан и Јувентус, дуел кој секогаш предизвикува големо внимание без разлика на тоа во каква ситуација и на кое место на табелата се овие две екипи.

На двете екипи им е потребна победата, „росонерите“ сакаат триумф за да останат што поблиску до Интер за борбата за титулата, а пак „бјанконерите“ посакуваат триумф кој во моментов ќе ги однесе во Топ 4 што е и нивна цел.

Фабио Капело има искуство и во двата клуба, но и тој самиот не знае што може да се очекува, види на пресметката на „Сан Сиро“.

-Тешко е да се дешифрира овој натпревар, на двете екипи им е потребна победа. Милан мора да биде внимателен, бидејќи Јуве повторно станува солиден и повторно го открива својот дух. Јувентус е тежок противник за справување.

-Не им верувам на оние тренери кои велат дека не го земаме предвид противникот кога ја планираме нашата игра, треба да се фокусираме само на себе. Тоа е сериозна грешка на ароганцијата. Сите тимови имаат јаки и слаби страни, мора да ги знаете за да бидете подготвени да удрите, -рече Капело кој говореше за Златан Ибрахимовиќ со кого своевремено работеше во „старата дама“

-Јуве го стимулираше неговото чувство за конкурентност. Без Калчополи, двајцата ќе останевме таму. Во денешно време тој е играч-менаџер. Ибра можеби не е истиот спортист како порано, но носи драгоцено искуство, -порача стратегот за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни