Поврзете се со нас

Германија

Кан со одговор на шпекулациите дали по Тухел ќе го ангажираат и офанзивецот на Челси: Веќе кажав..

Објавено

на

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан овие денови е топ тема во јавноста во Германија откако во клубот се решија да направат промена на тренерската позиција и Јулијан Нагелсман да го заменат со Томас Тухел.

Откако Тухел го презеде Баерн, веднаш се појавија шпекулации дека во летниот преоден рок тој ќе се обиде да го ангажира офанзивецот со кој соработуваше во Челси, Каи Хаверц.

Одговор на ваквите шпекулации даде Оливер Кан кој истакна дека во моментов тие воопшто не разговарале за засилувања, туку дека нивна примарна цел е успешно да се заврши актуелната сезона.

– Нема смисла да повторувам и сега. Веќе кажав претходно, наиот фокус е на комплетирање на сезоната, а не на написите кои излегуваат за нашиот тим во иднина.

– Не зборуваме за нови засилувања со Томас Тухел, -јасен беше Кан во интервјуто за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни