Македонија
Кам-бек после 15 години: Давитков се враќа во мак-баскетот за да му помогне на клубот во кој последно работеше

Јорданчо Давитков последната задача во нашата земја ја имаше како селектор на најсилната македонска репрезентација, но сепак неговото последно искуство во мак-баскетот, односно Првата лига датира од 2008-ма година.
После цели 15 години, искусниот кошаркарски стручњак реши да го прифати повикот на Струмица и да се врати во македонската кошарка, а целта ќе биде да му помогне на тимот кој е најслабо рангиран во нашата лига.
Давитков последно на клупски план во Македонија работеше токму во Струмица, а судбината посака да се врати во овој град и да се приклучи на проектот најмалку до крајот на сезоната.
Екс селекторот доаѓа со јасна цел да му помогне на тимот кој е последен на табелата со само две победи на 13 одиграни меча, а веста за пристигнувањето ја потврди и Струмица преку социјалните мрежи.
Давитков последните неколку години работеше во странство, но покрај тоа што ја водеше Струмица, во минатото беше тренер во Македонија и на Никол Ферт, Поло Трејд, Балкан, Неметали Огражден и Работнички.
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)