Поврзете се со нас

Свет

Како на видео-игра: Соиграч на Елмас го постигна најбрзиот гол во историјата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/oefb1904

Австриската фудбалска репрезентација вчера оствари победа на пријателското соочување со Словачка, а натпреварот ќе биде запаметен и поради голот на Кристоф Баумгартнер.

Австрискиот репрезентативец тргна од центарот, помина покрај неколку словачки репрезентативци и го совлада Мартин Дубравка за само 6 секунди, со што го постигна најбрзиот гол во историјата.

Соиграчот на нашиот Елмас во Лајпциг, реализираше акција како на видео-игра во Братислава, а успеа да го подобри досегашниот рекорд на Лукас Подолски, кој постигна гол за седум секунди на дуелот меѓу Германија и Еквадор во 2013 година.

Слично време вчера му требаше и на Флоријан Вирц, кој ги шокираше Французите со брзиот гол на пријателскиот натпревар во Лион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни